Пратениците треба да гласаат за доверба на Владата
Собранието попладнево ја продолжи 34 седница на која на усно барање на премиерот Зоран Заев треба да се гласа за доверба на Владата.
Гласањето за доверба на Влада е прва точка на дневниот ред, што по неколкучасовна процедурална расправа го усвои Парламентот.
Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.
Заев во своето обраќање кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.
– Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заедно, рече Заев пред пратениците.
Нагласи оти нема да дозволат неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.
– Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на владата, заклучи Заев.
Пратеникот Никола Мицевски на ова рече дека немаат храброст да дозволат три дена расправа за, како што посочи, да ги кажат сите аномалии на Владата.
Претседателот на Собранието Талат Џафери пред паузата на седница кажа дека за барањето на премирот Заев веднаш ќе го информира претседателот на државата Стево Пендаровски, како што е предвидено со собранискиот деловник.
Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, должна е да поднесе оставка.
Ако, пак, добие поддршка во Собранието, повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората