Пратениците со едноминутно молчење за загинатите во Истанбул
Со едноминутно молчење пратениците во Собранието на Република Македонија, пред почетокот на продолжението на 107. седница, им одадоа почит на загинатите во синоќешниот терористички напад на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул.
Бројот на загинати во синоќешниот троен самоубиствен бомбашки напад на истанбуласкиот аеродром „Ататурк“ се искачи на 43 лица, а повредени се над 140 лица.
На дневен ред на 107-та собраниска седница е Предлог законот за изменување на Законот за полиција, по скратена постапка. Пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за здравственото осигурување, трите по скратена постапка.
На дневен ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, поднесен од пратениците Владанка Авировиќ и Стојан Миланов.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози