Пратениците расправаа за закони од сферата на здравството, гласањето најавено за 9 март
Во попладневниот дел од 34-тата седница претениците дебатираа за девет закони од сферата на здравството.
Пратениците од опозицијата нагласија дека предлог законите се само усогласување со Законот за прекршоци од 2019 година и оти сето тоа би било во ред доколку земјава не се соочува со катастрофали последици од Ковид-19.
Според нив, наместо да се прават вакви усогласувања, досега министерот за здравство Венко Филипче и Владата требаше да набават вакцини.
Пратениците од мнозинството, пак, оценија дека секогаш кога е тема здравството опозицијата се обидува да собира политички поени.
Тие порачаа дека не е точно оти само земјава се соочува со проблеми во справувањето со пандемијата, бидејќи нив ги има во целиот свет, оценувајќи дека на опозицијата и пречи „кредибилитетот на министерот Филипче и Комисијата за заразни болести“.
Од дневниот ред од 68 точки, пратениците го завршија општиот претрес за околу 60 од нив, од кои најмногу во прво читање. Најголем дел од овие законски решенија се од сферата на финансиите, од сферата на Министерството за внатрешни работи, за здравство и земјоделство.
Дополнително ќе биде закажано продолжението на 34-тата седница, а како што во претпладневниот дел најави спикерот Талат Џафери, за законите ќе се гласа на 9 март.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана