Македонија
16. July 2019 - 16:19

Пратениците поделени по вчерашната акција - има ли основа за анкетна комисија?

Анкетна комисија или надзорна расправа во парламентот за тоа како работела специјалната јавна обивнителка Катица Јанева, но и целото специјално обвинителство е неопходна по отворањето на слуачајот „Рекет“ и оставката на Јанева која неофицијално се поврзува со предметот, сметаа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на разговорите за законот за обвинителство, на минситерката Рената Дескоска и предложивме во парламентот сда се формира анкетна комисија за отчет на работата на СЈО, но тоа тогаш беше одбиено. Сега после овој случај, анкетна комсиија или надзорна расправа би биле неопходни

Милошоски, кој беше дел и од разговорите за новиот закон за обвинителство, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ искажала сомнежи за работата на Јанева уште на почеток од преговорите, но и дека овие настани ќе помогнат да се донесе поквалитетен закон за обвинителство.

Пратениците на власта пак, тврдат дека со ова се покажало дека нема недопирливи за правдата. Бараат индивидуална одговорност при евентулана вмешаност на обвинители од СЈО во скандалот. За шпекулациите дека се вмешани и пратеници од СДСМ, од пратеничката група велат дека покажале дека знаат да сносат политичка и морална одговорност.

СДСМ веќе покажа дека е спремена да прифати секаков вид на одговорност, особено политичката одговорност. Пример за тоа Павле Богоевски кој си даде оставка во Собранието. Но во овој момент е премногу рано да се бара или да се утврдува ваков вид на одговорност бидејки се уште е се на ниво на  дезинформации

Според пратениците на ДУИ пак, нивниот закон за ветинг е решението за ваквите настани. За тоа дали како пратеничка група се задоволни од работата на Јанева, од ДУИ велат сега течат преговори за СЈО и постои потреба од институција која ќе гони висок профил на корупција. 

Нашата држава се соочи со огромен проблем во 2015 година со објавувањето на бомбите. Јасно е дека имаше потреба од специјално обивнителство како инситутција, не како име која ќе добие надлежност за да се справи со снимките. Одговорноста што тогаш ја покаќаат 4-те најголеми партии формирарајки го СЈО се покажа дека била соодветна.

Од опозициската БЕСА велат дека случајот Рекет мора да се расчисти, но и дека мора да се најде начин СЈО да продолжи со работа.