Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ го честитаа Денот на Бошњаците
- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 септември.
- Бошњачката заедница, традиција и култура во нашата држава се длабоко вкоренети во нашето општество и безрезерво и искрено даваат придонес во процесот на градење, зацврстување и негување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристична за Република Македонија, се наведува во честитката.
- Со почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености го градиме вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и енергија да продолжиме да живееме со меѓусебно разбирање и толеранција. Само така, сплотени и заедно ќе создадеме вредности за уште посилен и побрз развој и просперитет на Република Македонија, се додава во честитката.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во земјава им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите семејства.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер