Македонија
23. September 2022 - 16:39

Пратениците од групата на зелените најавуваат гласна поддршка за Македонија против двојни стандарди

Серија критики до Европската Унија, силна поддршка за македонскиот идентитет, но и потсетување за нашата домашна работа. Европратениците Бутикофер и Стрик, кои доаѓаат од групација на Зелените, од македонскиот парламент беа јасни - празните ветувања не беа фер кон вас.

Двојни стандарди се проблем на кој мора да работиме во Унијата, велат европратениците, а вие мора да работите на домашните реформи.

Во меѓувреме, ние ќе бидеме гласни во поддршка на македонскиот идентитет.

“Центарот на целиот процес мора да бидат копенхашките критериуми и тука не сакаме двојни стандарди...Ние сме целосно решени да ставиме на знаење дека вашиот идентитет, јазик и култура не смеат да бидат доведени во прашање од било кој...”

Борбата против корупцијата, правосудството уште еднаш беа потенцирани како болни точки во македонското општество.

Иако ги исполнивте условите за почеток на преговори, рече холанѓанката Стрик, се појавија билатералните прашања кои го загадија европскиот пат.

“Целиот процес се загади со билатерални прашања за јазикот, идентитетот, историјата. Тие за нас не прифатливи, не се фер, не сакаме двојни стандарди. Дозволете да кажам дека јазикот и идентитетот не можат да бидат порекнати во Европа и ние ќе бидеме гласни...”

Главен предизвик во претстојниот период, сметаат Бутикофер и Стрик, ќе биде енергетската криза.

Претстои неизвесна зима во која ќе мораме да бидеме солидарни како континент и да си помагаме меѓусебно, бидејќи во спротивно, велат европратениците, не е исклучено сценариото во кое би се појавиле социјални бунтови.