Македонија
23. May 2018 - 17:30

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниска сала по пресудата за Груевски

Без никаква најава или пак, процедурална забелешка пратениците на ВМРО-ДПМНЕ попладнево станаa од своите места и ја напуштија пленарната сала. Временски, напуштањето на сала се случи само една минута откако се рашири веста за осудителната пресуда на екс премиер Никола Груевски. Со тоа стана јасно дека ваквиот чин на пратениците е поради одлуката на судот за нивниот колега и поранешен лидер. Нема потврда од пратеничката група и Данев како понатаму ќе дејствуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме матичната партија на Груевски излезе со реакција за пресудата на Судот. Во нејзе се коментира дека се работи за политички суд и дека тој го изрекол она што Заев го напшишал.

„Во овие три дена македонската јавност се убеди дека во Македонија се водат чисто политички монтирани процеси. Правдата има двојни аршини“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски е актулен пратеник во Собранието. Денешната пресуда може да влијае на неговиот имунитет и мандат. Според Уставот и собрнаискиот деловник, на пратеникот може да му биде одземен мандатот, кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник. Во случај кога пратеникот е осуден, известувањето до претседателот на Собранието го доставува судот кој ја изрекол казната. Одлуката за одземање на мандат со носи со 2/3 мнозинство. Незивесо е дали Кривичниот суд веднаш ќе ја испрати пресудата до Собранието, или пак, ќе се чека правислан пресуда за случајот Тенк.

.be