Македонија
16. November 2017 - 16:20

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат јавна дискусија за Законот за јазици

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара, пред амандманската расправа за зкаонот за употреба на јазиците, Собранието да организира јавна дискусија и професори и експерти од оваа област за да се изготви конечната верзија на законот. Короординаторот на пратнеичката група на оваа Партија Илија Димовски барањето го поднесе усно пред почетокот на денешната седница, а повикувајќи се на претходни изјави на Томислав Тунтев од СДСМ дека за законот за јазици во втора фаза ќе има можност за јавна расправа.

Тунтев и Талат Џафери во името на парламентарното мнозинство ја отфрлија ваквата идеја. И Тунтев и Џафери проценија дека се работи за задоцнето барање на Димовски односно дека тоа требало да се направи веднаш по вчерашното гласање. Според Деловникот, парламентот за одредени зкаонски решенија по општатата расправа по законот меѓу пратениците може да одлучи да организира и јавна дискусија на која ќе се поканат и надворешни екперти и засегнати страни кои ќе го кажат своетот мисење за предлог-законот.

 Никаде не сум кажал јавната дискусија како што постои деловничка можност туку јавната дебата и расправа за да го чуеме мислењето на другите и да дојдеме до добро зкоанско решение

Џафери пак, на Димовски му посочи дека може  експерти да се побараат за време на комисиската расправа

 Деловникот дава можност во рамките на матичнотот тело да се повикаат екперти....

Димовски коментраше дека со ова влста одбегнува јавна дискусија за законот за јазици.

Парламентот вчера со 66 гласа за и 41 против ја донесе потребата за носење на законот за употреба на јзаиците со кој се со кој се официјализира употребата на албанскиот јазик на сите нивоа и на целата територијата на државата. Како што најави, претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби закажа седница за амандманите за 22 ноември, денот на албанската азбука.