Македонија
15. March 2018 - 11:52

Пратениците на СДСМ и коалицијата под полициска заштита

По изгласувањето на законот за употреба на јазиците, поради закани за животот, кон пратениците на СДСМ и коалицијата, како и закани на социјалните мрежи и за нивните семејства, пратениците се под полициска заштита на МВР.

Ова за Макфакс го потвдри една од пратеничките на СДСМ, која вели дека вчера кога стигнала дома, пред врата ја дочекал полициски службеник, кој цела вечер стражарел околу нејзината куќа. Пратеничката тврди дека тие не побарале полициска заштита и дека најверојатно заштитата следи по службена должност поради заканите.