Пратениците на БЕСА ќе дејствуваат како независни, ама остануваат во коалицијата со СДСМ
Пратениците од БЕСА кои во Собранието влегоа преку листите на СДСМ неофицијално во допис го известуваат собранискиот спикер Талат Џафери дека ќе дејствуваат во коалицијата „Можеме“ со СДСМ, но како независни во пратеничката група и ќе ги застапуваат интересите на својата партија.
„Ова не е напуштање на коалицијата туку да се организираме подорбро и да работиме поефикасно како БЕСА во парламентот“, рече Кастриот Реџепи пратеник на БЕСА кој ќе биде одговорен да ги координира народните избраници со кои располга партијата.
Минатата недела до собранискиот спикер Талат Џафери стигнаа известувања за 4 пратенички групи и тоа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, од ДУИ, од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ и од коалицијата Алијанса и алтернатива.
За да се формира пратеничка група според деловникот потребни се најмналку 5 пратеници. Координаторите на пратеничките групи учествуваат на состаноците кај собранискииот спикер за текот на седниците и точките на дневен ред.
БЕСА во парламентот има 4 свои пратеници, со што не може и формално да понесе барање за пратеничка група.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција