Македонија
13. October 2016 - 8:37

Пратениците ќе расправаат за продолжувањето на кризната состојба

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 124-тата седница на чиј дненвен ред е Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

На дневниот ред на седницата се и предлог одлукте за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, за именување на претседател на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, за разрешување и именување на членови на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, за именување на претседател на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, и за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Пратениците ќе ги разгледаат и предлозите за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија и за избор на заменици на народниот правобранител, како и Предлог законот за ратификација на Спогодбата за соработка за прашања од областа на Европската интеграција, помеѓу Владата на Република Македонија, претставена од Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Косово, претставена од Министерството за европска интеграција.

На седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, трите во второ читање, како и предлог законите за даночни, царински и други фискални погодности во врска со одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 во Република Македонија, за изменување на Законот за внатрешни работи, за изменување на Законот за градежно земјиште, за изменување на Законот за поштенските услуги, и за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија, сите по скратена постапка.

На дневниот ред на 124-тата седница се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за банките, и на Законот за иновациската дејност, двата вопрво читање, како и  предлог одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, и предлог законите за дополнување на Законот за данокот на добивка,и за изменување и дополнување на Законот за спортот, двата по скратена постапка.