Македонија
21. October 2018 - 16:07

Пратеници поради безбедносни проценки добиле полициска заштита

Полициска заштита пред домовите и обезбедување добиваат дел од пратениците кои во петокот гласаа за почеток на уставни измени согласно Договорот од Преспа. Министерствотото за внатрешни работи направило безбедносна проценка дека е загрозена нивната безбедност или безбедноста на нивните домови и семејства. Заштитата се дава независно од тоа дали постојат конкретни закани кон некој пратеник или не.

„Се  преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира  безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците“, поврдуваат официјално  од министрството.

Неофицијално под полициска заштита не се само 8-те народните избраници од колицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“ и најмногу се критикувани во јавноста за тоа, туку и пратеници од владејчакото мнозинство.

Заштитата на пратениците прв ја спомна премиерот Зоран заев веднаш по гласањето на уставните измени. Тој рече дека ќе ја гарантира безбедноста на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои гласале за промените. Веднаш потоа граѓани јајвуваа за полициски службеници пред домовите на пратениците Мукоски, Арнаудов, Канческа – Милевска...

Освен заштита, МВР поднесе и кривична пријава за закани и ширење на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници споделена преку Фејсбук. Социјалните мрежи и во следните денови ќе бидат под надзор на Секторот за комјутерски криминал за евентуални нови закани.

„Министерството за внатрешни работи нема да толерира закани по живот на граѓани и повици за насилство и ќе ги презема сите потребни мерки за одржување и зачувување на јавниот ред и мир“, предупредија од министерството.