Македонија
30. May 2019 - 19:03

Пратенички прашања: Советниците на Заев и извештајот на ЕК топ теми

Советниците на премиерот, интегративниот процес и транспарентноста на институциите беа во фокусот на денешните пратенички прашања на опозицијата.
Екс министерот за надворешни работи го праша премиерот, зошто манипулирал со јавноста минатата година кога давал изјави дека Македонија веќе добила датум за преговори. Премиерот се фалеше со резултатите од извештајот на Европската комисија

Откако беше објавена информацијата дека премиерот ангажирал нови советници во својот кабинет, опозицијата праша, врз основа на кои критериуми и квалификации премиерот решил како што велат, тотални анонимци да го советуваат за интегративниот процес. Заев одговори дека едниот советник добро ги познавал Франција и Бенелукс а другиот имал конекции со кабинетот на францускиот претседател Макрон

Опозицијата обвини и дека власта на СДСМ ја зголемила цената на горивата за 6,5 денари по литар надвор од движењата на цените на светските берзи и курсот на доларот во однос на денарот. Премиерот врати дека и со тие цени, во Македонија и натаму се вози најевтино гориво во Европа.

И денешните пратенички прашања минаа со речи си никаква заинтересираност на пратениците чија бројка во пленарната сала во ретки моменти беше поголема од онаа на онаа на новинарите во собраниската галерија.