Македонија
2. July 2018 - 19:34

Пратенички прашања: Кој е лажго, а кој предавник - пратениците од опозицијата бараат одговори од Заев

Предавници, слепци, безрбетници кои го продадоа името за материјална корист, од Македонија направивте гмо новороденче, но и коцкари и поранешни фукцинери кои ја опсутошеа и опљачкаа Македонија... Ова е речникот кој денеска преовладуваше на собраниската седница за пратнеички прашања. Најголем дел од нив се однесуваа на постигнатата спогдба со Грција. Атмосферата ја вжешти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски кој одржа говор за предавство што според него го направила актуелната власт со преспанскиот договор.

За овој настап, Јовановски доби пријава од Тунтев да одговара пред комисијата за прекршување на етичкиот кодекс. Но и Заев возврати на ист начин, обвинувајки го Јовановски за некој кој спиел по коцкарници.

Пратеничката Затуроска од ВМРОД-ПМНЕ пак, од Заев побара да донесе мекици за да почасти за, како што рече, генетски модифицираното новороденче што го добил, мислејки на новото име на државата. Таа не му постави прашање на премиерот со образложение дека тој е нелигитмен премир на Република Макеоднија бидејки прифатил да биде премиер на држава со друго име.

Заев на опозицијата и одговораше и за датумот за преговори што Македонија го добила од Европската унија за јули 2019, коментирајки дека тој е реален имајќи ги предвид тајминзите за референдумот и европските избори.

Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели пак, не беше задоволен од одговорот на премиерот дека и за Албанците во Македонија на местото државјанство ќе стои македонско цртичка Репбулика северна Македонија. Според Зендели тоа било враќање назад за албанските барања.

Заев на пратеничко прашање за ИВЗ најави и дека во пет верски заедници во Македонија, меѓу кои и најголемите, ќе бидат направени контроли за нивната работа.