Македонија
28. јуни 2016 - 16:31

Пратеничката на СДСМ Лидија Димова се повика на имунитет за да се заштити од казна за сообраќаен прекршок

Дрско, скандалозно и недолично. Вака пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го оценија однесувањето на нивната колешка од СДСМ, пратеничката Лидија Димова која вчера, на протестите опозицијата и СОРОС се обиде да се стави над законот и откако полицијата ја запре за сторен сообраќаен прекршок, таа се повика на пратеничкиот имунитет, а нејзините сопартијци со пцовки и навреди им се обраќаа на полициските службеници

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потсетуваат Димова дека ваквото однесување е класична злоупотреба на пратеничката функција.

За експертите, однесувањето на Димова е само уште една слика за тоа, колку пратениците на СДСМ го познаваат законот.

Но ако Димова не го познава законот тоа не може да се каже и за полициските службеници. И покрај тоа што се повикала на пратеничкиот имунитет, полицајците добро знаеле дека тоа што е пратеник не и дозволува да вози како што сака по градските улици. Дома ја испратиле со записници за сторени 4 прекршоци. Сега Димова ќе мора да плати бидејќи немала возачка и сообраќајна дозвола, возилото што го управувала немало регистерски таблички а не постапила и по наредба на униформираниот полицаец. Тоа ќе ја чини речи си целата наредна месечна плата како пратеник, за која и онака, не доаѓа на работа во Собранието.

Инаку Лидија Димова е позната по своите чести испади во законодавниот дом. Освен лежење во собраниските фотељи, Димова знаеше и да скока врз изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ среде собраниската сала како и да ги покаже своите музички квалитети за реметење на собраниската комисија.