Македонија
14. April 2020 - 15:18

Пратеничка од СДСМ позитивна на коронавирусот

Пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска e позитивна на коронавирусот и дека е хоспитализирана во прилепската болница. Таа резултатот го добила вчера, а од саботата е во болница, дознава „Плусинфо“.

Пратеничката вели дека не знае од кога е заразена, бидејќи цело време била дома и немала контакти со никого освен со сопругот, кој е вработен во трговија. Сопругот на пратеничката се тестирал на ковид-19, но сѐ уште ги чека резултатите.

– Се тестирав бидејќи имав симптоми. Прво почувствував општа малаксаност и болки во мускулите. Потоа имав висока температура, болки во градниот кош и во грбот, а од вчера и болки во грлото. Од саботата сум хоспитализирана во болницата во Прилеп. Немам никакви индиции од кого и кога сум се заразила, бидејќи постојано бев дома. Контактирав само со сопругот, кој работи во трговија. И тој се тестираше, но неговите резултати сѐ уште не се готови – ни изјави пратеничката Смилеска.