Македонија
22. April 2021 - 20:46

Прашкаста материја пронајдена во штипскиот затвор

При претрес во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Затвор Штип кај С.А. од Кочани била пронајдена една ќеса со прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка.

По комплетирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.