Македонија
9. March 2018 - 17:08

Прашањето за името станува главна тема за дебата и во Македонија

Прашањето за проблемот околу името останува главна тема за дебата во јавноста. Актери, колумнисти, политичари будно го следат последниот развој на настаните помеѓу Македонија и Грција. Сметаат дека тоа ќе доведе до менување на идентитетот.

Освен со уставот, правото на самоопределување го гарантираат и конвенциите за човекови права, сметаат дел од уметниците во државата.

Од новоформираната партија Глас за Македонија, тврдат дека согласно резолуцијата во советот за безбедност,  владеачката гарнитура единствено може да води разговори за спорот но не и да води преговори за промена на уставното име.

Актерот Сашо Тасевски очекува дека политичарите ќе се изборат за име од кое тој нема да се срами, но смета дека усвојувањето на конечното решение ќе го аминуваат сите политички партии во државата.

За дел од јавноста,  преговорите за промена на уставното име се веќе завршени а целото сценарио било подготвено на средбата Заев-Ципрас во Давос.