-->
-->
Прамен од косата на Ленон продаден за 35.000 долари
-->
Аукциската куќа „Херитиџ Оукшн“ од Далас на наддавање продаде прамен од косата на Џон Ленон за сума 35.000 долари, јавија американските медиуми.
Праменот, долг десет сантиметри, кој во 1966 година во Хамбург од косата на Ленон го отсекол германскиот фризер Клаус Барук, го купи британскиот колекционер Пол Фрејзер.
- Станува збор за најдолг прамен од косата на Џон Ленон понуден на аукција досега, изјави директорот на аукциската куќа Гери Шрум, додавајќи дека достигна цена одраз на постојаната фасцинација од „Битлси“ и од 50-те години на минатиот век.
На истата аукција, за 30.000 долари е продадена и неискористена влезница за првиот концерт на „Битлси“ во САД од 1964 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот