Џет-Сет
19. January 2016 - 14:44

Познатиот српски пејач пливаше по крстот

Никола Роквиќ одлучи да си исполни една своја желба од детството и по повод Богојавлени заплива по светиот крст.

Тој на минусна температура скокна во реката и заплива.

Поддршка му пружија вереницата Бојана и братот Марко.

Тоа ми беше желба од секогаш и еве оваа година некако најблиску и пријдов на својата вера во православието. Покрај божикниот пост одлучив и да пливам за светиот крст, рече Никола.

Иако температурата беше минусна, верата го понесе па не го чувствувал толку студенилото.

-Не е толку ладно. Поладно е кога сме надвор и кога дува ветер, а кога влеговме следуваше момент кога низ телото минува студенилото, но потоа поминува.

Ова година пливањето за чесниот крст е одбележано симболично, без победник.