Џет-Сет
12. February 2018 - 9:22

Познатиот хрватски пејач открива: Една Македонка спиеше пред мојата куќа, а потоа ја повикав дома

Миленикот на женската публика во регионот Петар Грашо открива дали е романитичен и кога пред олтар ќе застане со својата избраничка и колешка Данијела Мартиновиќ.

-Медиумите не разделуваа, венчаваа, бев неколку пати мртов, па хомосексуалец, се она што сите пејачи го минуваат во текот на својата кариера. Тоа е еден ранец кој го добиваш кога си над просекот. Тој дел од интимата секој човек мора да ја има за себе, вели пејачот и објаснува зошто не сака да детализира за врската со Данијела.

-Ние не ја чуваме врската на тој начин што е забранета тема, некако и двајцата одлучивме тој приватен живот, колки што е можно, да го тргнеме на страна. Повеќето мои појавувања се јавни, 90 отсто и тие 10 отсто остануваат за мене, не сум подготвен да понудам на тацна. Нема да ја сликам својата спална соба, упорен е за Данијела да не каже ни збор.

Бидејќи Петар доаѓа од една традиционална далматинска средина, не интересираше дали ќе ја исполни желбата на семејството да ја озакони долгогодишната врска, на што Грашо рече:

-Сметам дека за тоа треба јас да се грижам и воопшто не ме интересира околината. Било какви притисоци од типот свадба, потомство се нешто наметнато од средината. Не сум тип кој држи до традицијата, но сметам дека во денешно време е целосно важно како се чувствуваш, а не да си роб кој зависи од мислењето на другите. На таквите прашања е подготвено контрапрашање „дали е подобро жената да биде во брак во кој ја тепа мажот?“ Мене ми е подобро да живеам непечатиран во една слободна врска. Љубовта се покажува со обожавање, готвење и патување, а не со печат. Не сум роб на традицијата и мислам дека поради тоа не сум помалку добар човек, изјави тој.

Грашо вели дека не му е јасно зошто жените врескаат по него.

-Никогаш себеси не сум се доживувал како некој секси мачо тип, немам плочки на стомакот, не престојувам во теретана по четири часа дневно и живеам обичен живот на просечен маж. Многу сум романтичен, мислам дека секој маж треба да биде романтичен во некои нормални дози. Да не се поминува дозата на патетика и слаткоречивост, мислам дека е убаво и пожелно да се биде романтичен, тврди пејачот.

Петар имал и проблеми со фановите и тоа оние од поубавиот пол.

-Што се однесува до обожавателките, имаше неколку непријатни ситуации, ког ја поминуваа тенката линија. Девојка од Македонија еднаш дојде и спиеше пред мојата куќа додека бев на турнеја. Соседите ме повикаа да ми кажат дека некој кампува пред мојата куќа. Кога дојдов, на убав начин го решивме тоа. Ја повикав во куќата, и покажав дека сум само човек и дека ја сакам својата приватност. Потоа таа си отиде дома, понекогаш ми пишува, се омажила, има две деца. Ова не е некаква ексклузивна приказна која ја имам во животот. Веројатно повеќето луѓе кои се медиумски експонирани имаат такви ситуации. Меѓутоа, тоа никогаш не влијаеше на стабилноста на мојата врска, рече тој.