Живот
15. April 2018 - 18:02

Познатиот холивудски актер доживеа сообраќајна несреќа, итно е хоспитализиран со тешки телесни повреди

Славниот холивудски актер и комичар, Вил Фарел, доживеа тешка сообраќајна несреќа во четвртокот.
 
Тој учествувал во судир од кој неговиот автомобил се превртел на кров.
 
Според исказите на очевидци, Фарел се здобил со тешки телесни повреди. Актерот бил итно хоспитализира, но засега нема информации за неговата здравствена состојба. Во несреќата со повреди се здобиле уште две личности.
 
Странските портали наведуваат дека актерот се враќал од настап во Сан Диего кога неговиот теренец се удрил во друг автомобил и се превртел на кров.