Познатиот британски филмски актер си го промени името
Познатиот британски филмски и театарски актер, Мајкл Кејн откри дека решил да го смени своето име.
- Сега навистина се викам Мајкл Кејн, изјави актерот за британските медиуми.
Веќе 50 години, тој е на сцената или пред камерите и претставува добро познато лице во меѓународната јавност, но малкумина знаат дека вистинското име на актерот е Морис Миклвајт.
Ова име се наоѓа на неговиот Извор од матичната книга на родените, а на него е издаден и британскиот пасош, па актерот, многу често, имал проблеми при патувањето низ светот.
Полицајците и имигрантските службеници секаде го препознавале и знаеле дека пред нив стои прославениот Мајкл Кејн, но проблеми настанувале кога на пасошот на актерот ќе забележале друго име.
- Ми здодеа веќе да се расправам по аеродромите низ светот и да ги уверувам пограничните власти дека јас сум истиот и Морис Миклвајт и Мајкл Кејн. Дека едното е моето крстено име, а дека другото е она по кое ме знае целиот свет, објасни актерот.
- Од сега па натаму, за сите и во сите документи, јас сум само Мајкл Кејн, нагласи британскиот актер.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок