Џет-Сет
5. November 2017 - 12:02

Познатиот актер претрпе голема загуба: Антонио сподели тажна вест

Ана Бандерас, мајка на славниот актер Антонио Бандерас почина во 85. година од животот. Антонио оваа тажна вест ја сподели на социјалната мрежа Твитер.

„Денеска во 6 часот наутро засекогаш не напушти нашата мајка Ана Бандерас. Нека Бог ја држа на местото кое го заслужува“, напиша актерот на својот профил покрај фотографијата од својата мајка.

Потоа Антонио на своите фанови им се заблагодари на бројните пораки на поддршка кои му ги упатија.

„Ви благодарам на сите на поддршката и убавите зборови“, напиша тој.