Loading Video...
Фудбал
10. December 2019 - 23:25

Познати уште шест патници во осминафиналето во Лигата на шампионите

 
Со одигрувањето на натпреварите од последното 6.коло во сегментот на групи Е до Х, познати се уште шест екипи кои обезбедија пласман во осминафиналето на ЛШ.
 
Ливерпул со победата над Салцбург на гости со 2-0 и Наполи кој убедливо со 4-0 го совлада ги обезбедија првите две места во Е групата, а со тоа и пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Салцбург ќе продолжи во Лига Европа, а Генк го заврши својот настап на евро-сцената.
 
Од Ф групата. Барселона со гостинската победа кај Интер со 2-1, го потврди првото место, а со истиот резултат (2-1) Борусија Дортмунд ја совлада Славија Прага, па шпанскиот и германскиот тим ќе играат во осминафиналните, а Интер во Лига Европа.
 
Францускиот Лион ја искористи победата на Бенфика над Зенит со 3-0, па со нерешениот резултат 2-2 во дуелот со Лајпциг заедно со германската екипа продолжува во ЛШ, додека Бенфика ќе игра во ЛЕ.
 
Од последната Х група патници во осминафиналето се Валенсија и Челзи. Шпанскиот тим на гости во Амстердам минимално со 1-0 го порази Ајакс, со што му отвори пат и на Челзи кој со триумфот над Лил со 2-1 го освои второто место, оставајќи го зад себе холандскиот тим кој утеха ќе бара во Лига Европа.
 
Со одигрувањето на вечерашните дуели од Ц и Д групите, ќе ги пополнат последните две слободни места за осминафиналето во кое веќе пласман имаат обезбедено: ПСЖ, Реал Мадрид (А група), Баерн Минхен, Тотенхем (Б), Манчестер Сити (Ц) и Јувентус (Д).