-->
-->
Познати термините за плеј-офот во АБА лигата
-->
По победата на Будуќност над ФМП, во последниот натпревар од лигашкиот сегмент на регионалната кошаркарска АБА лига, познати се термините за „плеј-офот“.
Во полуфиналето ќе се сретнат Црвена ѕвезда - Морнар и Будуќност - Цедевита, а првите натпревари ќе се одржат в недела на 18 март, во Белград и Подгорица.
Натпреварот помеѓу Звезда и Морнар ќе започне во 19 часот, а натпреварот во Подгорица почнува два часа подоцна.
Реваншите се закажани за 25 март во Бар и Загреб, а во евентуалните мајсторки би се играле на 31 март на теренот на Црвена ѕвезда, односно Будуќност.
Финалето на плеј-офот се игра во три победи, а првите две се 9 и 10 април. Следниот е на 12 април, а доколку има потреба за четврти или петти дуел датумите се 13 април и 15 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација