Ракомет
4. May 2017 - 18:03

Познати составите за мечот Македонија - Исланд

 

 

Во пресрет на првиот од двата квалификациски дуели за пласман на ЕП во Хрватска против Исланд, селекторот на Македонија, Раул Гонзалес, го одреди составот за пресметката против островската држава, која ќе биде засилена со најдобриот нивни ракометар, Арон Палмарсон.
 
Од 19-те ракометари што се појавија на собирот, отпаднаа тројцата млади ракометари, голманот на Металург, Мартин Томовски, десното крило на Вардар, Мартин Поповски и десниот бек на Металург, Мартин Велковски, кои сепак остануваат во комбинација за реваншот во Рејкјавик в недела.
 
Денешниот меч се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.