Loading Video...
Кошарка
28. April 2018 - 14:37

Познати сите учесници на Ф4 во Евролигата

Познати се сите четири учесниците на завршниот турнир во Евролигата. 
 
Откако Фенербахче и Жалгирис го потврдија својот пласман и меѓусебен дуел во полуфиналето на фајнал-форот, тоа вчера го сторија и екипите на ЦСКА Москва и Реал Мадрид. 
 
ЦСКА во неизвесен меч ја доби мајсторката со Химки со 89-88 и со 3-2 во победи се пласира во полуфиналето во кое за противник ќе го има Реал Мадрид, тим кој со 89-82 стигна до третата победа во дуелите со Панатинаикос. 
 
Завршницата на Евролигата е предвидена на 18 и 20 мај во Белград.