Loading Video...
Спорт плус
24. September 2018 - 13:52

Познати шесте селекции кои ќе играат за завршницата на одбојкарскиот Мундијал

Познати се шесте селекции кои ќе играат за завршницата на Светското одбојкарско првенство. 
 
Селекциите на Русија и Полска се двете последни кои се пласираа на завршницата на Мундијалот. 
 
Русите во борбата за полуфиналето ќе разигруваат во група со Бразил и САД, додека во втората четвртфинална група за место меѓу четирите најдобри ќе се борат домаќинот Италија, Полска и Србија. 
 
Натпреварите на одбојкарскиот Мундијал досега се играа во Бугарија и Италија, а завршницата ќе ќе биде одигран во Торино.
 
Денеска и утре репрезентациите имаат одмор, а веќе од среда до петок ќе се играат натпреварите во новоформираните групи, додека за сабота закажани се полуфиналните средби, а битката за медали е во недела.