Македонија
16. March 2017 - 19:50

Познати се добитниците на главните награди за промотивен плакат за промоција на Македонија како туристичка дестинација

Иван Дургутовски и Ана Петрова ги добија главните награди од конкурсот за студентски плакат со кој Република Македонија се промовира како туристичка дестинација. Двајцата се студенти на Европскиот универзитет при Факултетот за арт и дизајн.

Синоќа се доделија наградите од конкурсот Go#MK – Република Македонија како туристичка дестинација. Го организираа Музејот на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на Полска.

На конкурсот за изработка на промотивен плакат учествуваа 30-тина студенти од универзитетите во земјава. Според жирито за избор на победници, најдобрите плакати за туристичка промоција на Македонија ги изработиле студентите од катедрата за арт и дизајн на Европскиот универзитет.

Добитниците на главната награда од конкурот Go#MK, ова лето ќе отпатуваат на студентска посета на Полска чија цел е запознавање со познатата „Полска школа за плакат“.