Ракомет
30. January 2016 - 23:12

Познати ривалите на Македонија во олимписките квалификации

Ракометната репрезентација на Македонија ги знае ривалите ба олимписките квалификации за пласман на Игрите во Рио. Тоа се селекциите на Полска (трета од СП во Катар), Тунис (втор од шампионатот на Африка) и Чиле (трет од шампионатот на двете Америки).

Македонија како деветтопласирана од СП се пласира на квалификациите.
Според тоа како досега се одредуваа домаќините на олимписките квалификации тоа беа репрезентациите, кои имаа најдобар пласман на СП во Катар. Во тој случај Полска е прва како третопласирана, потоа Шпанија ако не биде европски правк и Данска.
 
Турнир 1: Полска (3.место СП), Македонија (9.место СП), Чиле (3.место Америка), Тунис (2.место Африка).
Турнир 2: Шпанија или Данска, Словенија (8.место СП), Иран (2.место Азија), Шведска (8.место Европа).
Турнир 3: Данска или Хрватска или Германија (две од трите селекции), Норвешка (3/4.место Европа) и Бахреин (3.место Азија).
Натпреварите од квалификациите ќе се играат од 7-10.април.
Двете првопласирани реперезнтации од секој турнир ќе играат на Олимписките игри во Рио.
Пласман на Олимписките игри имаат обезбедено: Бразил (домаќин), Франција (светски првак), Катар (шампион на Азија), Египет (шампион на Африка), Аргентина (вицешампион на Америка). Директен пласман ќе обезбеди и европскиот шампион Шпанија или Германија.