Свет
9. August 2016 - 9:59

Познати републиканци повикаа да не се гласа за Трамп во име на безбедноста на САД

Педесеттина истакнати експерти за безбедност од Републиканската партија, меѓу кои и поранешен директор на ЦИА, го оквакификува кандидатот на републиканците за претседателските избори во САД, Доналд Трамп како некомпетентен да ја раководи земјата и оценија дека тој би бил „најнесовесниот претседател во американската историја“. 

- Г-н Трамп нема карактер, вредности и исуство за да биде претседател. Тој го намалува авторитетот на САД како лидер на слободниот свет. Нему по се изгледа му недостигаат основните знаења и вербата во Уставот, законите и институциите на САД, вклучувајќи ги и оние за верската толеранција, слободата на печатот и независното правосудство, се наведува во отвореното писмо објавено во весникот „Њујорк тајмс“, потпишано од поранешни вработените ви сферата на безбедноста.

Меѓу нив се и поранешниот директор на ЦИА, Мајкл Хејдн, кој ја раководеше и Агенцијата за национална безбедност, поранешниот министер за внатрешна безбедност Мајкл Чертоф, поранешниот директор на националното разузнавање Џон Негропонте, поранешниот претседател на Светската банка и поранешен заменик-државен секретар Роберт Зелик.

- Никој од нас нема да гласа за Доналд Трамп. Од гледна точна на надворешната политика Доналд Трамп не е компетентен да биде претседател и главен командант. Ние сме уверени дека тој би бил опасен претседател и би ја ставил на ризик националната безбедност, се вели во изјавата. 

Меѓу другите, кои го потпишале писмото се и поранешни високи службеници во Стејт департментот, Пентагон и Советот за национална безбедност. Меѓу нив има и луѓе, кои работеле на плановите и реализирањето на американската инвазија во Ирак во 2003 година, што беше остро критикувано од Трамп.

Изјавата е организирана од Филип Зеликов, кој беше главен советник на поранешниот државен секретар Кондолиза Рајс. 

Трамп реагираше на писмото, нарекувајќи ги оние кои го потпишале „пропадната елита на Вашингтон“, која „заслужува да биде обвинета дека светот го направиле поопасно место за живеење“. 

- Тие внатрешни луѓе, заедно со Хилари Клинтон се авторите на погубните решенија за инвазијата во Ирак, тие дозволија Американците да гинат во Бенгази и тие се оние, кои го дозволија подемот на ИД, рече Трамп.