Loading Video...
Тенис
8. September 2021 - 14:40

Познати првите полуфинални парови на УС Опен

Познати се и првите полуфинални парови во двете конкуренции на последниот овосезонски Гренд-слем тениски турнир, УС Опен. 
 
Кај мажите првиот пар го сочинуваат Данил Медведев и и Феликс Огер Аласиме
 
Вториот носител Русинот, Медведев одигра четири сета во дуелот со Холанѓанецот, Ван Де Зандсхлуп, додека Канаѓанецот, Аласиме на теренот мина само еден час откако неговиот протривник 18-годишниот Шпанец, Алкараз го предаде мечот во вториот сет. 
 
Второто полуфинале ќе го сочинуваат победниците од четвртфиналните пресметки меѓу Ѓоковиќ и Беретини односно Зверев и Харис.
 
 
И на женскиот дел од Гренд-слемот во Њу Јорк првата полуфинална двојка ја сочинуваат Арија Забаленка и 19-годишната Канаѓанка, лајла Ани Фернандез
 
Втората носителка Забаленка во два сета со 6-1 и 6-4 ја победи Барбора Крејчикова од Чешка. 
 
Канадската тинејџерка пак која на патот до четвртфиналето гио елиминираше некогашните шампионки на УС Опен Наоми Осак и Анжелик Кербер, а за влез во топ четирите односно полуфиналето се исбори со триумфот над петтата носителка, Елина Свитолина која ја доби во три сета со 6-3, 3-6 и 7-6.
 
Преостанатите два четвртфинални парови кај дамите ги сочинутаат Радукану и Бенчиќ односно Плишкова и Скакари.