Loading Video...
Кошарка
22. July 2019 - 15:30
Познати противниците на македонските кошаркарски селекции во евро-квалификациите
Познати се противници на кошаркарските македонски репрезентации, мажи и жени, во квалификациите за ЕП 2021. Денеска во Минхен беа извлечени квалификациските групи за Европските првенства 2021 во двете конкуренции.
Мажите ќе играат во Б групата во која за противници ќе ги имаат еден од ко-домаќините на првенството Италија, некогашниот европски првак Русија и селекцијата на Естонија која е и најголемата шанса за Македонија.
Со оглед на тоа дека Италија како ко-домаќин веќе има обезбедено учество на Еуробскет, црвено-жолтите својата шанса за настап на шампионатот ќе ја бараат пред се во двомечот со Естонија, селекција која пред две годни во пред-квалификациите за Мундијалот (2019-та) ги добија двата натпревари против нашата репрезентација (74-65 во Талин, 80-76 во Скопје).
Токму против Естонците во Скопје кон крајот на февруари следната година ќе го отвориме квалификацискиот циклус, кој пак ќе биде заокружен со два домашни натпревари во февруари 2021-ва против Русија и Италија.
Распоред на натпревари
20/21.02.2020 Македонија – Естонија
23/24.02.2020 Русија – Македонија
26/27.11.2020 Италија – Македонија
29/30.11.2020 Естонија – Македонија
18/19.02.2021 Македонија – Русија
21/22.02.2021 Македонија – Италија
Женската селекција ќе биде дел од поседната „И“ група, во која за противнички ќе ги има кошаркарките од Летонија, Германија и Хрватска против која игравме во претходниот циклус на квалификации.
Хрватките ќе бидат последни во низата наши противнички, откако веќе во ноември годинава, прво ќе гостуваме во Германија, а потоа ќе ја пречекаме Летонија.
Женските квалификации ќе се играат во три „прозори“, а пласман на ЕП 2021-ва ќе обезбедат победниците во деветте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани репрезентации, разбирливо покрај домаќините на шампионатот, Шпанија и Франција.
Распоред на натпревари
14.11.2019 Германија - Северна Македонија
17.11.2019 Северна Македонија - Летонија
12.11.2020 Хрватска - Северна Македонија
15.11.2020 Северна Македонија - Германија
04.02.2021 Летонија - Северна Македонија
07.02.2021 Северна Македонија - Хрватска
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->