Loading Video...
Фудбал
21. December 2017 - 16:43

Познати полуфиналните двојки во Лига Купот на Англија

Во англискиот Лига Куп познати се двојките за полуфиналето. 

Дуелот на лондонските ривали  Арсенал и Челзи секако ќе привлече поголемо внимание отколку втората полуфинална средба меѓу Бристол Сити и Мачестер Сити. 

Ова е исходот по синоќешните два одиграни меча во четвртфиналната фаза во кои составот на Бристол сити направи големо изненадување со победата од 2-1 над Манчестер Јунајтед со што ги елиминира „црвените ѓавиоли“.  Со истиот резултат (2-1) Челзи го победи Бурнемунд. 

Првите полуфинални средби на програмата се на 9 и 10 јануари, а реванш дуелите две седмици подоцна (23 и 24 јануари). 

Финалето е закажано за 25 февруари 2018 година.