Фудбал
11. February 2016 - 8:09

Познати полуфиналните двојки во германскиот куп

Екипите на Баерн и на Херта се пласираа во полуфиналето на германскиот куп откако синоќа ги совладаа Бохум односно Хајденхајм. Така на сите четвртфинални натпревари победија гостинските екипи. Во полуфиналето кое ќе се игра на 19 и 20.април ќе играат: Херта - Борусија Д. и Баерн - Вердер.

Резултати од четвртфиналните дуели:

Бохум – Баерн 0:3, 

Хајденхајм – Херта 2:3, 

Штутгарт – Борусија Дортмунд 1:3,

 Баер Леверкузен – Вердер 1:3.