Loading Video...
Спорт плус
16. October 2018 - 15:41

Познати полуфиналните двојки на СП за одбојкарки

Познати се двојките за полуфиналните натпревари на Светското првенство за одбојка во женска конкуренција што се одржува во Јапонија.   
Србија ќе игра со Холандија, додека Кина за противник ќе ја има репрезентацијата на Италија.
 
Ова е епилогот по денешните два дуела во групите „Г“ и „Х“.
 
Прво Србија ја победи Италија со 3:1 за потврда на првото место во групата Г, а попладнево Кина со истиот резултат ја совлада Холандија.
 
Полуфиналните натпревари се закажани за в петок.