Loading Video...
Спорт плус
16. September 2021 - 10:06

Познати полуфиналните двојки на ЕП за одбојкари

Комплетирани се полуфиналните параови на Европскиот шампионат за одбојкари. 
 
Одбојкарите на Словенија го комплетираа списокот на четирите селекции кои ќе се борат за медалите на Европското првенство. 
 
Актуелните европски вицешампиони, Словенците до полуфиналето стигнаа со убедливата победа над Чешка со 3-0, па за влез во големото финале повторно како и пред две години ќе играат против селекцијата на Полска која потсетуваме исто така со 3-0 во четвртфиналето беше подобра од Русија. 
 
Бранителот на шампионскиот трофеј Србија во полуфиналето ќе игра против Италија која беше супериорна во четвртфиналниот меч со Германија кој Азурите го добија со 3-0. 
 
Денеска и утре е слободен ден на шампионатот, а полуфиналните мечеви Полска – Словенија и Србија – Италија се закажани за во сабота, финалето на програмата е в недела од 20:30 часот. Завршницата ќе се игра во полскиот град Катовице. 
 
 
1/4 ФИНАЛЕ
РУСИЈА -    ПОЛСКА 0-3
ХОЛАНДИЈА  -  СРБИЈА 0-3  
ИТАЛИЈА -   ГЕРМАНИЈА 3-0 
СЛОВЕНИЈА  -  ЧЕШКА 3-0 
 
1/2 ФИНАЛЕ
Сабота (18 септември)
17:30 ПОЛСКА -  СЛОВЕНИЈА
21:00 СРБИЈА -  ИТАЛИЈА