Фудбал
4. March 2020 - 16:14

Познати полуфиналистите во фудбалскиот Куп на Македонија

Екипите на Академија Пандев, Шкендија, Брегалница и Струга ТЛ се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија, 
 
Бранителот на трофејот од лани Академија Пандев ја сочува предноста од 1:0 од првиот меч против Шкупи, па по денешните 1:1, струмичкиот тим обезбеди полуфинале. 
 
Работнички и Шкендија одиграа без победник 2:2, а по тетовските 1:1 и поради повеќето постигнати голови на гостински терен екипата на Шкендија е полуфиналист. 
 
Брегалница и по вторпат беше подобра од Лабуништа, па по штипските 1:0, денеска забележа гостинска победа со 4:1.  
 
Најнеизвесното четвртфинале го одиграа Ренова и Струга ТЛ. Во реванш мечот се влезе со резултат 0:0, а иако тетовци први постигнаа гол сепак во продолжението гостите од Струга постигнаа два, па на крајот сосема заслужено тие ја комплетираа четворката екипи која ќе игра во полуфиналето.
 
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ РЕВАНШ 
 
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ  1 – 1  (прв натпревар 1 – 0  ) 
РЕНОВА – СТРУГА  ТЛ 1 – 2  ( 0 – 0  ) 
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА  2 – 2  ( 1 - 1 )
ЛАБУНИШТА – БРЕГАЛНИЦА 1 – 4  ( 0 - 1 )