Фудбал
29. January 2016 - 8:19

Познати полуфиналистите на „Кралскиот куп“

Екипите на Севиља и на Валенсија обезбедија пласман во полуфиналето на шпанскиот куп откако во реванш четвртфиналните дуели постигнаа победи. Севиља славеше на гостувањето кај Мирандес со 3:0 или вкупно 5:0.
Валенсија го победи Лас Палмас со 1:0 на гости или вкупни 2:1.
 
Пласман во полуфиналето „кралскиот куп“ претходно изборија Барселона и Селта, откако ги елиминираа Атлетик Билбао односно Атлетико Мадрид.
 
Полуфиналните двојки со извлекување ќе бидат одредени денеска, а натпреварите ќе се играат на 3 и на 10.февруари.