Ракомет
20. January 2017 - 11:04

Познати половина двојки за 1/8 финалето на ракометниот Мундијал

 Со одигрување на натпреварите од последното 5.коло во групите А и Б, познати се четирите двојки за осминафиналето на Светското ракометно првенство во Франција.
 
На натпреварите одиграни вчера беа постигнати овие резултати:
 
А група: Русија – Бразил 28-24, Франција – Полска 26-25 и Јапонија – Норвешка 23:28.
Табела: Франција 10 бодови, Норвешка 8, Русија 6, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.
 
Б група: Тунис – Ангола 43-24, Македонија – Исланд 27-27 и Шпанија – Словенија 36:26.
Табела: Шпанија 10, Словенија 7, Македонија 5, Тунис 4, Исланд 3, Ангола 0.
 
На овој начин репрезентацијата на Македонија за противник во осминафиналето ќе ја има селекцијата на Норвешка, против која ќе игра во сабота во терминот од 16 часот во Албервил.
 
Останатите три осминафинални двојки ги сочинуваат: Франција – Тунис (18 часот), Русија - Словенија и Бразил – Шпанија (од 20.45 часот).
 
Денеска на програмата се натпреварите од последното коло во Ц и Д групите по што ќе бидат познати сите осминафинални парови.
 
Двојките за денеска се:
 
Ц група: Чиле - Саудиска Арабија, Германија – Хрватска и Белорусија – Унгарија.
 
Табела: Германија 8, Хрватска 8, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.
 
Д група: Бахреин – Аргентина, Шведска – Египет и Катар – Данска.
 
Табела: Данска 8, Шведска 6, Египет 6, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.