Ракомет
31. January 2016 - 20:18

Познати групите за олимписките квалификации за ракомет

По завршувањето на Европското првенство во ракомет во Полска познати се составите на трите групи од олимписките квалификации за Рио 2016.

Македонија ќе биде дел од турнирот 1 како деветтопласирана селекција од Светското првенство во Катар.
 
Квалификационен турнир 1: Полска, МАКЕДОНИЈА, Тунис, Чиле.
Квалифиационен турнир 2: Шпанија, Словенија, Иран, Шведска.
Квалификационен турнир 3: Данска, Хрватска, Норвешка и Бахреин.
 
Олимписките квалификации ќе се играат од 8 до 10.април 2016 година.