Кошарка
5. July 2021 - 10:02

Познати групите за кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Токио

Завршија финалните натпревари од кошаркарските олимписки квалификации. Нивни победници се репрезентациите на Словенија, Германија, Италија и Чешка, кои ги добија последните четири билети за Олимписките игри во Токио.

Така, стана познат конечниот состав на групите за олимпискиот турнир.

Група А: Иран, Франција, САД, Чешка.

Група Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија.

Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија.

Од секоја група двете првопласирани одат во четвртфинале, како и две селекции од трите ко ќе завршат на третото место.
Олимпискиот турнир во кошарка ќе се одржи од 25 јули до 7 август.