Ракомет
14. August 2017 - 9:26

Познати финалистите на турнирот Струга 2017

Екипите на француски Шартр и Бешикташ од Турција ќе играат во утрешното финале на ракометниот турнир Струга 2017. Почеткот на финалето е во 21:30 часот.

Двете екипи на синоќа одиграните дуели од 2.коло постигнаа победи по кои го обезбедија првото место во групите.
Шартр, кој е лански победник на турнирот го совлада македонскиот вицепрвак Металург со 28:22, додека Бешикташ беше подобар од Охрид со 32:24.
Денеска се играат дуелите од 3.коло: Металург - Струга и Алингсас - Охрид.