Loading Video...
Фудбал
18. March 2022 - 19:02

Познати двојките за последните две нокаут фази во Лига Европа

Откако вчеравечер се одиграа и реванш осминафиналните дуели во во Лигата на Европа, денеска беа извлечени двојките за четврт и полу-финалето. 
 
Топ фаворитот Барселона за противник ќе го има Ајнтрахт со кого првиот меч ќе го игра во Франкфурт, а доколку каталонците ја оправдаат фаворитската улога тогаш во полуфиналето би играле со победникот од дуелот меѓу Вест Хем и Олимпик Лион. 
 
вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од другите два четвртфинални дуели меѓу, Лајпциг и Аталанта, односно Брага и Глазгов Ренџерс
 
Четвртфиналните натпревари во Лига Европа ќе се играат на 7 и 14 април, додека големото финале е закажано за 18 мај на „Рамон Санчез Пицхуан“ стадионот во Севилја.