Тенис
15. March 2017 - 9:45

Познати четвртфиналните двојки кај жените на турнирот во Индијан Велс

Со победите на Каролине Возниацки и на Елена Веснина познати се четвртфиналните двојки на женскот дел од Мастерсот во Индијан Велс. Поранешната тенисерка број 1 Каролине Возниацки ја победи Американката Медисон Кејс со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4), додека Веснина направи изненадување со триумфот над Анжелик Кербер со 2-0 (6:3 и 6:3). Ова воедно и беше прва победа на Веснина против тенисерка од ТОП 3.
 
Во четвртфиналето вечерва ќе играат: 
Веснина – Венус Вилијамс, 
Возниацки – Младеновиќ, 
Павличенкова – Кузнецова и 
Плискова – Мугуруза.