Loading Video...
Фудбал
25. November 2021 - 15:55

Познати 11 патници во осминафиналето на Лигата на шампионите

Со комплетирањето на натпреварите од претпоследното 5.коло од групната фаза, познати се 11 екипи кои веќе обезбедија пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони 
 
Само едно слободно место за осминафиналето останува во сегментот на групите од А до Д. 
 
Во А групата Манчестер Сити и ПСЖ веќе го имаа осигурано учеството во нокаут фазата, па синоќешниот меч беше само за престиж и потврда кој ќе биде прв а кој втор. Со пресврт победата со 2-1 популарните „граѓани“ ќе ја имаа првата, а „светците“ втората позиција.
 
Во рамките на Б групата голема неизвесност ќе донесе последното 6.коло, откако Ливерпл со триумфот над Порто со 2-0 го потврди првото место, а Милан кој со 1-0 славеше над Атлетоко Мадрид сега изби на втората позиција, па така Порто со 5, а Милан и атлетико со еден бод помалку ќе влезат во дуелите од последното коло во кое Милан го пречекува Ливерпул, а Порто е домаќин на Атлетико.
 
Спортинг Лисабон со победата над Борусија Дортмунд со 3-1 пред својата публика го осигура второто место на табелата зад Ајакс кој и пред оваа рунда беше сигурен патник во осминафиналето од Г групата.
 
Во Д конкуренцијата, Реал и Интер славеа победи над Шахтјор и Шериф со кои ги осигураа првите две позиции, додека на третата е бешбеден Шериф кој ќе игра во Лигата на Европа.
 
Од втората половина на групите, сигурни патници во осминафиналето се: Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Челзи и Јувентус, додека сите четири екипи од Г групата сеуште имаат шанса во последното коло да завршат на првите две позиции. 
 
Кои ќе бидат пресотанатите екипи кои ќе играат во осминафиналето ќе дознаеме по дуелите од последното 6.коло закажани за 7 и 8 декември.
 

 

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ПЛАСМАН ВО ОСМИНАФИНАЛЕ ОБЕЗБЕДИЈА

        А  ГРУПА

 МАНЧЕСТЕР С.

        Е  ГРУПА

БАЕРН М

 ПСЖ

 

        Б  ГРУПА

ЛИВЕРПУЛ

        Ф  ГРУПА

МАНЧЕСТЕР Ј.

 

 

        Ц  ГРУПА

 АЈАКС

        Г  ГРУПА

Сите 4 имаат шанси

СПОРТИНГ Л.

 

        Д  ГРУПА

 РЕАЛ М.

        Х  ГРУПА

ЧЕЛЗИ

 ИНТЕР

ЈУВЕНТУС