Џет-Сет
9. December 2016 - 11:45

Познатата пејачка за влакно избегна смрт: Лепа пренесена итно во болница

Пејачката Лепа Лукиќ води уште една битка, овој пат здравствена.

Музичката ѕвезда благодарение на бројните интервенции од лекарите избегна инфаркт кога пред два дена и се слоши во семејниот дом.

-Се се одигра многу брзо зошто Лепа се разбудила со силна болка во градите. Почувствувала како срцето и чука и веднаш повикала итна помош. Лекарите брзо дошле и и измериле притисок, кој и бил исклучително висок. Истовремено се жалела и на силна болка во градите, а лекарите не успеале да и го симнат притисокот со инекции, па со возилото на итна помош ја префрлиле во болница. Се сомневале дека срцето и е загрозено и дека и се заканува инфаркт. Лепа Лукиќ цела ноќ поминала во болница каде и давале инфузија и лекови, а и направиле и низа испитувања. Среќа што лекарите одма реагирале и спречиле да дојде до сериозна ситуација, вели избор близок до Лепа Лукиќ.

А на нејзниот мобилен се јавува пријателката.

-Лепа сега е дома, излезе од болница и подобро се чувствува. Моментално се одмара. Мора многу да одмара. Пие терапија која лекар и препиша и полека се опоравува. Ќе и треба време, за да оздрави, но ќе и биде подобро. Лекарот препорача мирување, вели нејзината пријателка.

Пејачката неодама преживеа грабеж во својот дом, а потоа и направи концерт за паметење, што секако дополнително го ослаби нејзиното срце.