Џет-Сет
19. January 2017 - 18:02

Познатата пејачка пронајдена мртва во запален автомобил, ја паметиме по „Ламбада“

Лоалва Браз, бразилската пејачка позната по големиот хит од 80-тите Ламбада, е пронајдена мртва во запалено возило во Бразил/

Локалната полиција потврди дека Браз е мртва, но околностите за нејзината смрт се непознати.

Пејачката кој имаше 63 година е пронајдена близу до нејзиниот дом во Сакуарема, Рио де Женеиро.

Меѓународниот хит Ламбада беше објавен од францусакта група Каома во 1989 година, а Браз ги испеа вокалите на португалски.

Беа продадени милиони копии низ целиот свет

На португалски песната беше позната како Chorando se foi (Crying he/she went).

Песната беше базирана на боливиска песна, но насловот „Ламбада“ дојде од танцот кој се негува во северен Бразил.