Џет-Сет
14. August 2017 - 12:37

Познатата пејачка ја објави најемотивната фотографија со синот

 
Сека Алексиќ веќе одамна ужива во мајчинството, а нејзиниот син Јаков сега и е се во животот. Фолк ѕвездата од време на време објавува фотографии со својот наследник, а оваа ги воодушеви сите.
 
На фотографијата Сека лежи покрај Јаков, кој спие.
 
-Радост моја! Бог ми те чувал, напиша пејачката и ја објави оваа фотографија.
 
Фотографијата за пет часа собрала повеќе од 30 илјади лајкови. Многумина велат дека ова е најемотивна фотографија на Сека со синот Јаков.